ЗНМ: „Фридом хаус“ потврди дека МАН отворено ги промовира ставовите на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска порача дека е објективен извештајот за напредокот на демократијата во светот на „Фридом хаус“, во кој  Македонија се третира како земја во развој со хибриден режим. ЗНМ посочува и дека „Фридом хаус“ тврди дека паралелното новинарско здружение отворено ги промовира ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во врска со состојбата на медиумите.

-„Фридом хаус“ ги препознава ставовите на ЗНМ дека главен извор на кризата во медиумите е неказнивоста на насилство кон новинарите и владината корупција на медиумите. Ваквата оценка се поткрепува со податоци на ЗНМ дека во првата половина од 2016 година насилството ескалирало со физички напади, уништување на имот и опрема на новинари и спречување да известуваат за судски постапки – се вели во соопштението.

ЗНМ вели дека извештајот го потврдил ставот на Здружението дека договорот на партиите за формирање на ад хок телото за следење на медиумите нема значително да го подобри нивното известување.

Поврзани новости