ЗНМ: Без отчет Владата троши многу пари во медиумите

by Фокус 12:51
12:51

Здружението на новинари на Македонија од 2011 година постојано повторува дека една од главните причини за падот на медиумските слободи во Македонија е нетранспарентното трошење на јавни пари во финансирањето на медиумите. Нашиот став е дека владата преку владини кампањи со јавни пари ги корумпира медиумите со цел да влијае на нивната уредувачката политика, истакна на денешната прес конференција, претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани.

Тој образложи и дека овој став на ЗНМ е потврден и од Европската комисија, која во извештајот за напредокот на Македонија во 2014 година истакна дека – постои индиректна државна контрола врз медиумите преку владините реклами и фаворизирање на провладините медиуми. Токму на оваа тема, ЗНМ денеска објави анализа, поддржана ог Германската и Француската амбасада во Скопје, преку која со конкретни податоци ги поткрепуваат ставовите, но и предложија решенија како да се ослободат медиумите од ваквиот финансиски притисок на владата.

- Advertisements -

-Првиот заклучок од добиените податоци е дека владата троши огромни средства за владини кампањи, кои најчесто немаат никаква врска со јавен интерес. Владата нејзините политики на арбитрарен начин ги прогласува за прашање на јавен интерес, што е незамисливо во едно демокиратско општество, каде за секоја владина мерка се води жестока дебата околу нејзината оправданост.
Со шест милиони евра потрошени во електроснките и печатените медиуми за само три месеци владата станува еден од најголемите огласувачи во медиумите. Тоа претставува висок ризик за корупција и создава услови за влијание врз уредувачката политика, како се третираат или не се третираат одредени теми во општеството. Сознанијата на оваа анализа укажуваат дека владата повеќе кампањи објавува во медиуми кои според начинот на известува се наклонети кон владата, а помалку во оние медиуми кои се критични кон неа, истакна Селмани.

znm1

Втор заклучок, кој произлегол од анализата, е дека кампањите се реализираат на нетранспарентен начин и е нејасно врз кои критериуми се распределни средставата за реклами. Односно, не постои соодветен систем и процедури во институциите преку кои ќе може брзо и едноставно да се добијат податоците за кампањите.

-Нема механизми за отчетност и одговорност за да се утврди дали јавните институции средствата ги користат на ефикасен и ефективен начин. Не постои механизам кој гарантира дека кампањите служат на јавниот интерес на граѓаните, а не за партиско-политички цели. Ваквата состојба ја зголемува перцепцијата во јавноста дека овие пари се трошат со цел да се влијае на начинот на известување на медиумите, истакна Насер.

Тој додаде дека ЗНМ смета дека Владата треба веднаш да прекине со објавување на владините кампањи во приватните медиумите затоа што таква интервенција на државата во финансирањето на медиумите нема во ниту една демократска земја.
ЗНМ бара и владините кампањи да се регулираат со посебен закон, во кој ќе се забрани јавни институции да трошат пари за политичка пропагнда во медиумите и јасно ќе се дефинира јавниот интерес на кампањите. Процесот на огласување да биде транспарентен и врз основа на јасни критериуми за распределба на кампањите.

Поврзани новости