Знаеш дека е крај на месец кога…

by lali

…фрижидерот ти се одмрзнува од мака.

…сјајот за садови го мешаш со вода.

…цената на еден производ ја проверуваш во три продавници пред да го купиш.

…килото на пазар го заменуваш со пола кило.

…поминале 15 дена откако си ги потрошил сите пари од платата.

…„трансакцијата е одбиена“

…броиш ситни пари.

…викаш да остават топла вода во бојлер и за тебе.

…Бонева плаќа само една чистачка за сите станови.

…нешто не ти се излегува во град.

…кафана не е твоја судбина.

…ДПМНЕ вадат само 18 000 реклами против Заев наместо вообичаените 400 000.

…те стопира полиција три пати во два дена.

…секој ден до крај на месецот ти е понеделник.

…се возиш шверц за неколку станици.

…кучето ти јаде што ќе остане.

…од први планираш да спортуваш.

…титкаш за да ти се јават.

…доручекот и вечерата се манџата од ручек.

…се мислиш да се откажеш од цигари.

…веруваш во хороскоп.

…секој ден по два пати проверуваш датум.

…комшијата те гледа во кеса подолго од 10 секунди.

…„Не, не сакам мастика, сакам кусур!“.