Змијанац: Разводот е престанок на брак, не е престанок на родителство

by Fokus

Иницијативата за заедничко родителство по развод која заедно со „Меѓаши“ е иницијатор на измените во законот за семејство беа  разгледувани на денешната собраниска комисија  и тие се за цврста заложба на заедничкото родителство да важи по сила на закон, независно дали родителите можат да постигнат меѓусебен договор.

Нивниот предлог е наместо сегашниот застарен еднородителски систем со кој државата во голема мерка го исклучува едниот родител од животот на децата по разводот, да се воведе заедничко родителство по развод преку следните две главни промени:

Воведување одредба дека двајцата родители независно од брачниот статус остануваат еднакво одговорни за своите деца и заедно ги донесуваат главните одлуки кои се од интерес на детето (образование, здравство итн.)

-Разводот е престанок на брак, не престанок на родителство, на детето му е потребна љубов од двајцата родители при процесот на растење во здрава индивидуа за да се избегнат девијантните појави во адолесценцијата. Детето не е виновно за настанувањето на разводот и не смее да чувствува никаква грижа на совест, рече Драги Змијанац претседател на „Меѓаѓи“.

Со ова се согласија и претставникот од Народниот правобранител според кој значителен број на претставки доставени до нив се однесуваат на нерасчистените лични контакти меѓу родителите, како и од Институтот за брак и семејство.

Дополни на предлог измените имаа од Комората на психолози кои побараа поголема вклученост при одлучување на органите при Министерството за труд и социјална политика.

-Во сите институции кои се или ќе бидат надлежни за одлучување за доброто на детето и за проценка на неговата психичка состојба треба да сме вклучени како стручни лица кои поединечно би дале мислење за состојбата како на децата така и на родителите, рече Мирјана Јовановска Стојановска од комората.

Комисијата за труд и социјална политика по вторпат свикува јавна расправа на оваа тема, после онаа која се одржа во мај, минатата година, на барање на Иницијативата.

Од Иницијативата за заедничко родителство по развод велат дека тие веќе  имаат изготвено Предлог-закон кој, како што рекоа, е базиран на темелна и компаративна анализа. Исто така изготвиле и два правилника со кој целосно се регулира оваа сфера.

– Воведување на право на минимум загарантирано време од 120 дена годишно за родителот со кој не живее детето.

– Секаде каде што е можно (кога родителите живеат блиску и нема да се наруши нормалниот тек на активности на детето) да се воведе принципот 50-50, односно гледање на децата во еднакви временски интервали со двајцата родители, како принцип кој е научно докажан како најдобар за децата од разведени бракови.

Овие одредби треба да бидат почетна основа при донесувањето на одлуки за контакт на детето со родителите.

Исклучок од овие одредби би имало кога:

Едниот родител не сака или не може да спроведува заедничко родителство, добиеното право на заедничко родителство не се користи од страна на едниот родител, детето е мало (до 3 годишна возраст) и билошки е поврзано со мајката. Во тој случај, заедничкото родителство би се воведувало постепено, додека детето не дојде на 5-6 годишна возраст. Едниот родител е докажано во судска пракса дека е неподобен (осуден за семејно насилство, зависник, душевно болен итн.) Цврста заложба на Иницијативата е заедничкото родителство да важи по сила на закон,  односно независно дали родителите можат да постигнат меѓусебен договор (со помош на медијаторски центри или самостојно).  Какви и да се меѓусебните односи на родителите и нивната свесност, на децата од разведени бракови мора законски да им се гарантира избалансиран или еднаков контакт со родителите (освен во исклучителните случаи наведени погоре), беа главните точки за кои се водеше дискусија на јавната седница.

Соња Танеска

Поврзани новости