Злоупотреба на јавно претпријатие во Прилеп за партиски цели, на шофершајбната постер од кандидат за градоначалник

by fokus

Злоупотреба на јавните ресурси е регистрирана во Прилеп каде возило на јавното претпријатие „Комуналец“ е фотографирано како се движи по улиците на населбата „Тризла“ со поставен постер од еден кандидат за градоначалник на предната шофершајбна.

Ваквата промоција на кандидатот претставува злоупотреба на Јавното претпријатие за партиски цели, нарушување на изборниот молк и на Изборниот законик.

Поради почитување на законските одредби, фотографијата од возилото на „Комуналец“ со плакатот на политичката партија не можеме да ја објавуваме се до завршувањето на изборниот молк.

Поврзани новости