Златна зора на протест во Солун: Тргнете ги рацете од нашата Македонија!

by fokus

Од грчката ултра националистичка партија Златна зора, сметаат дека договорот меѓу двете земји е предавство и национално неприфатлив. Партијата во сабота попладне ќе организира протест во Солун.

Според лидерот на партијата, Никос Михалољакос, „никој нема право да го отстапи името Македонија, кое не е само едно име, туку душата на народот“. Тој упатува обвинувања и критики до грчкиот премиер дека го отстапил правото на македонски јазик и македонска националност.

„Не за предавството, тргнете ги рацете од нашата Македонија“ е слоганот под кој во сабота на 16 јуни во 19 часот во Солун, Златна зора ќе одржи протест против „распродавањето на Македонија“.

Поврзани новости