Златна бубамара за пандемиски хит, нови категории на награди на манифестацијата

by fokus

Утре на Канал 5, со почеток од 20 часот ќе се емитува 24-то издание на забавната манифестација Златна бубамара на популарноста.

Годинава мотото е ,,И ова ќе го преживееме” и ќе бидат доделени награди во традиционалните категории, но и во неколку нови категории, како на пример, најоптимистички хит на годината, пандемиски хит, и друго.

-Под мотото ,,И ова ќе го преживееме” манифестацијата прави пресек на изминатата 2020 година, обединувајќи ги најпопуларните музичари и уметници од регионот и земјава околу идејата- голема заедничка прослава на радоста на живеењето, да им се посвети на здравствените работници и на севкупниот медицински персонал, кои се вистинските херои на ова време.
Бидете одговорни, останете дома и гледајте Златна бубамара во недела, порачаа од организацијата на настанот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости