Златко Ориѓански: Нема потреба да бидеме невини!

by Фокус 12:03
12:03

Фантастичен музичар, интересен човек, чиј фитиљ лесно се пали, посебно за нешта кога смета дека правдата фатила кривина. Интересен соговорник што лесно се отвора, доколку се погодите на истата фреквенција. Бистар, внимателен и непредвидлив, слично како и хороскопскиот знак на кој му припаѓа – Скорпија.

- Advertising -

Тој цели две децении ги задоволува апетитите за македонска музика. Неговата музичка карта се отвора со членовите на Лола В. Штајн, каде што со албумите „Икона“ и „Мансарда“ за загрепската независна етикета Blind Dog Records го стави на тацна традиционалниот фолклор на Македонија во високостилизираната урбана амбиентална матрица. Ова беше забележано во престижниот англиски музички неделник „Њу мјузикл експрес“.

Следеше проектот Анастасија. Заедно со „Анастасија“ создадоа три албуми, „Пред дождот“ во 1994, „Мелоургија“ во 1997 и „Ноктурнал“ во 1998.

Како музички автор се потпиша на музиката за филмот на Милчо Манчевски „Пред дождот“, но и на низа театарски проекти. Ориѓански како музичар, автор и продуцент застана и зад „Македонски љубовни песни“ и „Ритмистика“ – изданијата што неповторливиот глас на народната певица Вања Лазарова го претворија во звучна фреска за сегашноста и иднината на Македонецот.

Победник e на Cannes titanium lion 2013 за музика за комерцијално видео, како и композитор на музиката на неколку други комерцијални видeа – Amazing Macedonia во 2010, Macedonia Timeless во 2009 и Ми товарил Дончо 1999. Во улога на композитор се појави и на албумот на Каролина – „Македонско девојче“ од 2008 година. Најсвежа е неговата соработка со Слободан Унковски и со Бени Шаќири, но и комерцијалната музика за рекламата на дански колачи.

Додека го дегустиравме вкусот на кафето во кафулето „Плеј“, го навративме на неговото родно место, иако не сака многу да зборува за минатото.

ФОКУС Потекнувате од Демир Хисар, па како го доживувате местото на вашите предци, на што ве асоцира? Постои ли нешто во главата што секогаш ви ја поткрепува визијата за ова место?

ЗЛАТКО Татко ми и мајка ми се од едно место, Сапотница. Од Слоештица, од каде што е Петре М. Андреевски, оддалечено два-три километри. Петре беше мој убав пријател и учител. Кога ќе испиевме по две-три ракии постојано ја кажуваше реченицата: A бе дете, од демирхисарско од време излегувале или полицајци или поети, за ништо друго не нѐ бива. Tаму растев како дете, низ мене има безброј слики и сенки, од едни луди свирачи кои свират додека луѓето играат во прашина, за празник.

ФОКУС Во денешно време тешко е човек да остане чист, со оглед на тоа дека дамките од влијанието на политиката ги има во сите сфери. Тешко ли е да се сочува музичката невиност од политиката денес?

ЗЛАТКО Нема потреба од невиност. Ние луѓето и онака сме полни со гревови. Сосема нормално е да имам политички став, кој секогаш ќе биде контра која и да е власт. Зошто? Затоа што добра власт не постои на планетава. Зарем такви ставови немаа Чаплин, Дилан, Кишловски, Брехт, Форман, Кундера? Тоа е класна борба. Toa e сон за некаков си поправеден и похуман свет…

ФОКУС Бевте дел од неколку култни бенда, но, сепак, денес убаво се доживувате соло, иако сѐ уште градите интересни музички врски?

ЗЛАТКО Сакам промени. Не размислувам како беше и што беше, тоа ми е здодевно, банално. Минатото за мене е мртво време. Фино е кога влегувам во простори непознати за мене.

ФОКУС Бегате ли понекогаш од тешкото секојдневие во музиката?

ЗЛАТКО Не, од ништо не бегам. Кога се будам, пијам кафе, ништо не ме боли. Одам под вода, низ мојот стан пеат гласно Румунски, Манеле, народњаци, и тоа ме прави весел. Немам тaкви тешки мисли ко божем врз мене лежи целава планета. Убаво и весело ми е секој ден. Немам тешки секојдневија. Заборавам бргу, за две минути, и добро и лошо.

Полноќното шопинг-искуство вечерва ќе може повторно да се доживее во најголемиот шопинг-центар во Македонија, Скопје Сити Мол.

Доцна вечерното шопинг-искуство овојпат ќе биде надополнето со многу музика, многу забава, модна ревија и со дополнителни активности и изненадувања.

Интересно за посетителите е работното време на продавниците, кое вечерва традиционално ќе биде продолжено до полноќ, во пакет со големите попусти што ги нудат брендовите во Скопје Сити Мол. Дополнително, има богата музичката програма, која ќе се одвива пред молот, а од неа дел ќе биде Биг Бендот на МРТ, Марга Сол, Бета Хаус, DJ Wish.Ko, Гоце Димовски, Lite Jazz – Марти Ивановски, Bossa Band, како и Bass & Glass, кои ќе го промовираат својот нов албум.

Предвидени се и подароци кои Скопје Сити Мол ќе ги доделува на секој час, со регистрација на сметките од шопингот на инфо пултот. Најголемите сметки ќе добиваат подароци маички со автограм од Били Ајдол, како и влезници за неговиот претстоен концерт во Скопје. Ова се само дел од бројните изненадувања кои Скопје Сити Мол ги реализира во состав на оваа убава традиција.

Ориѓански повеќе од две децении ги задоволува апетитите за македонска музика. Неговата музичка карта се отвора со членовите на Лола В. Штајн, каде што со албумите „Икона“ и „Мансарда“ за загрепската независна етикета Blind Dog Records го стави на тацна традиционалниот фолклор на Македонија во високостилизираната урбана амбиентална матрица. Ова беше забележано во престижниот англиски музички неделник „Њу мјузикл експрес“.

Следеше проектот Анастасија. Заедно со „Анастасија“ создадоа три албуми, „Пред дождот“ во 1994, „Мелоургија“ во 1997 и „Ноктурнал“ во 1998 година.

ФОКУС Музички активни речиси 3 децении. Се промени ли нешто во овој временски период?

ЗЛАТКО Да. Многу нешта видов, осетив, пробав. Од градови до луѓе. Светов го гледам широко, неоптоварено кој од каде е, како зборува и кому припаѓа. Музиката не ја мистифицирам или филозофирам. Таа служи само за играње и за пеење, да ни биде убаво на душата. Денес има едни нови прекрасни музики, нови прекрасни луѓе околу мене, има нова и млада публика, на која ѝ се обраќам и со која прекрасно се разбираме.

ФОКУС Последниов временски период успеавте музички да се споите со неколку интересни личности. Соработувате со Бени, на ваша иницијатива. Што ве донесе до него?

ЗЛАТКО Таа песна „Си беше еднаш“. Тргнав да најдам пејач за неа. Да ја омажам. Мојот пријател Енвер од Топаана ме носеше по разно-разни куќички низ Шутка за да најдеме пејач. Се појави едно момче по име Али. Пееше страшно. Тамам да ја снимаме, го остави жената и тргна по неа во Германија. Пробав дел од македонскиве пејачи и ништо не ми се допаѓаше. Одеднаш, Мите, мојот снимател, рече: Бени. Еј, да. Го повикав и ме воодушеви. Тој човек сѐ уште не го дал најдоброто од себе. Бени е голем џентлмен и еден од најдобрите пејачи на овој простор. Моја задача и ќеф е од него да извадам еден прекрасен свет кој спие во неговото искрено срце, за кој можеби и тој самиот не е свесен дека го поседува.

ФОКУС Се зборува дека заедно го работите неговиот албум. Има ли вистина?

ЗЛАТКО Одиме малку по малку… Си играме ко деца. Има ноќи кога ќе му испратам некоја бавна песна, додека ја преслушал, му праќам брза. Скоро преслушувавме една моја нова, се вика ,,Генерале“… Се смеевме ко блесави на дел од текстот „Гази, гази, гази мали, гази не си стар, гази, гази, гази мали немој да си папучар.

Ќе направиме албум со песни кои се така, малку боемско-швалерски, бескрајно весели и исто толку романтичарски, за да излезе тој прекрасен свет од Бени Шаќири, кој несвесно го потиснувал, мене многу близок. Тоа момче е опасен пејач.

ФОКУС И со младиот поет Дарко Лешоски се најдовте на иста фреквенција. Како вие го доживувате ова момче, дали успеавте да се откриете еден со друг преку музиката, тој преку моќта на зборовите?

ЗЛАТКО Дарко е најдобриот македонски поет што се појавил во последниве 20 години. Тоа прави малку нервоза кај некои луѓе, но тоа е фин знак. Тој е длабока, силна и мила душа, со едно неверојатно чувство за ново и убаво. Неговата поетика ме потсетува на најубавите филмови од Скорсезе, од Џармуш.

Се запознавме без запознавање. Знаеш како… Со некои луѓе можеш да брбљаш глупости со денови и никогаш да не се приближите. Со некого, тој зема цигара од твојата кутија и забележуваш дека на срце ти застанал. Се гледаме ретко… Не зборуваме, ниту за музика, ниту за поетика. Зборуваме за бродови, за мода. Тајно, ноќе додека сите спијат, јас земам зборови, енергија од неговата поетика, тој од мојата музика.

ФОКУС Емоциите се важни, не само да нѐ дефинираат како луѓе, туку и како професионалци. Умеете ли да ги контролирате своите емоции кога е во прашање музиката?

ЗЛАТКО Блесав збор е тој, „емоции“. Емоција е и лутина и хистерија. Музиката за мене е игра. Не се земам сам себе толку сериозно. Има многу посериозни нешта на светов од музиката…

Последниов период читам разни нешта за квантна физика и тоа се чудесни светови, особено во оној дел на разбирање што е терминот време и лекување луѓе.

Како музички автор се потпиша на музиката за филмот на Милчо Манчевски „Пред дождот“, но и на низа театарски проекти. Ориѓански како музичар, автор и продуцент застана и зад „Македонски љубовни песни“ и „Ритмистика“ – изданијата што неповторливиот глас на народната певица Вања Лазарова го претворија во звучна фреска за сегашноста и иднината на Македонецот.

Во пакетот најсвежи во неговата кариера, покрај музичките дружења со Бени и Лешоски, се најде и соработката со Унковски.

ФОКУС Унковски е најчесто спомнуваниот во последниов период, кога се во прашање вашите заеднички пакети во театарот. Огнени јазици беше последниот проект на кој ги споивте силите. Дали веќе се крчка нешто ново во вашата заедничка кујна?

ЗЛАТКО Да… Во моментов полека работиме нова претстава по една книга „Солун градот на духовите“ од Марк Мазовер. Не би сакал да откривам други детали, но кога работам музика за Унковски, се чувствувам прекрасно, ко да не сум во Македонија. Одамна немам сретнато толку искултивиран, пријатен и образован човек, со толку префинето чувство за хумор. Не знам колку нашиве луѓе се свесни дека во Скопје живее и работи човек кој е светски режисер, еднаков на Скорсезе, Кишловски, Вуди Ален… Претставата ќе биде големо изненадување.

ФОКУС Кои се петте најголеми уметници според вас на Балканот?

ЗЛАТКО Писателот Иво Андриќ за мене е најголем од сите. Тоа е човекот кој иако е писател, беше мој најголем учител за музиката, животот и луѓето.

Многумина сметаат дека само жените уживаат во шопингот. Ние се обидовме да ја демантираме оваа теза. И тоа токму денес, на денот кога сите се во Скопје Сити Мол. Се упативме на две сигурни локации „Беоспорт“ и „Битсиани“. Во својата понуда го имаа она што беше во нашата замисла. Уживањето во шопингот почна.

ФОКУС Жалите ли за нешто досега во вашата кариера?

ЗЛАТКО Не. Можеби само за наивниот однос кон неколкумина менаџери кои цицаа од нашата заработувачка. Денес, тоа не би им го дозволил ни да го фантазираат.

Ориѓански е човек кој се радува на малите задоволства. Боем. Често може да го забележите на својот велосипед. Свири на неколку инструменти: гитара, мандолина, кавал, а плус и пее, иако овој свој квалитет повеќе сака да го чува во сенка.

ФОКУС Која песна задолжително сакате да ја слушате во кафеана?

ЗЛАТКО „Данка“ од Тома Здравковиќ. Тоа е добра музика со големи стихови.

ФОКУС Може да зборуваме за различни теми, но кога ќе почне дискусија за македонската музика, имам впечаток дека кај вас се пали светлото за аларм. Дали музиката, посебно таа од нашево подрачје, посебно ве допира што буди толкави емоции, па со страст сакате да дискутирате за неа, укажувајќи на она што треба или не треба да се прави кога е во прашање музиката?

ЗЛАТКО Не. Од зборови нема фајде. Ме мрзи да зборувам за музика. Сум запознал луѓе кои многу знаат, ама не можат. И обратно. Не знаат два збора да врзат, ама го прават, можат. Овие вториве ги сакам.

ФОКУС Свирите на неколку инструменти, создавате музика за музичари, филм, театар, а и за комерцијални потреби. Како изгледа да си музички активен 24 часа? Има ли некој дел од денот кога сте надвор од канџите на музиката?

ЗЛАТКО Здодевно е да си цел ден во тоа. Плус ја сум мрзлив човек. Најчесто правам нешто десетто. Кога имам конкретна работа, тогаш сум војнички дисциплиниран и вреден… Другото време, сакам да лутам безвезе, да спијам, да гледам филмови, да правам ручек… Уживам во такви „банални“ работи. Да играм карти со комшиите, да косиме трева.

ФОКУС „Леб и сол“ своевремено успеаја да ја изнесат на површина македонската традиционална песна, во време кога сите на Балканот се обидува да свират западна музика. Ние денес сѐ уште ја биеме битката за тоа каква музика треба да свири на македонските радија?

ЗЛАТКО Македонската модерна музика е згрешена суштински и е мртва. Таа никому не му треба, за ништо. Не би сакал да го објаснувам тоа. Моја работа е да отворам некои нови патишта, но не со зборување, туку со музика.

ФОКУС Вања Лазарова е првата македонска пејачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи „Полиграм“ и „Филипс“. Соработувавте за време снимањето на филмот „Пред дождот“. Соработката беше врзана за песна која потекнува од прилепскиот крај. Оваа песна секогаш е барана. Ја воодушеви публиката во Венеција. Кога со Вања гостувавте во Варшава на манифестацијата Кафе Европа, оваа песна била барана од публиката. Секогаш предизвикувате внимание со вашиот начин на претставување на македонската музика пред јавноста, тука, а можеби повеќе во светски рамки. Нема ли интерес за субвенции во Македонија за вас? Не ви понудија ли барем еднаш досега да направите песна за Евровизија, толку тој фестивал го вреднуваме кај нас?

ЗЛАТКО Не, не ме интересираат никакви субвенции, тоа е глупава идеја измислена токму од оние кои ја донесоа нашата музика до ова што е денес.

Евровизија? Па, еве, со години тројца исти луѓе удираат со глава во ѕид и не оди, па не оди. Ако е за мене, еден ден верувам ќе дојде и тоа на ред.

ФОКУС Зошто ние се палиме на секакви музички стилови, блуз, рокенрол, техно, кога тоа не е музика на нашите дедовци. Нели музиката е важна во нечиј идентитет?

ЗЛАТКО Од времето. Сите големи, добри, вистински композитори се потпираат на својата традиција создавајќи нова, своја музика. Другите се Самоилови слепци, кои се обидуваат да бидат поголеми Енглези од Енглезите и стасуваат најдалеку до Табановце.

ФОКУС Минатата година добивте покана од Јован, внукот на основачот на ансамблот „Билјана“, да го продуцирате новиот албум на легендарната охридска група. Песните се авторски дела на неодамна починатиот основач на ансамблот „Билјана“, Кузман Поп Стефанија. Што се случи со овој проект?

ЗЛАТКО Треба тоа да се случи некако спонтано, да се отвори… Стои како идеја. Се разбира, треба и пари. Охридската музика мене ми е многу на срце. Ансамблот „Билјана“ се наши Буена Виста. Но, сѐ што човек овде ќе тргне да прави, тоа оди бавно, тромо, мрзливо и типично македонски… Овде се убави пиперките и сирењето, убава е климата и црешите, но е очајно лошо за работа.

ФОКУС Кој е Златко надвор од неговата професионална кариера? Што го радува, што го нервира? Кои се моментите во кои црпи инспирација?

ЗЛАТКО Тотално ништо не ме нервира. Гледам да си го поминам денешниов ден убаво, фино и живо. Да возам велосипед, да пијам чај во чаршија и да се загледам во камче залепено на огрaдата од една нова џамија… Смртен човек сум со избројани денови. Што би му дал некому од моите? Инспирација? Во мене се сите тајни, јас само ги откривам зашто биле покриени.

ФОКУС Имате три деца и тоа девојчиња. Како тие реагираат на вашата музика?

ЗЛАТКО Босанците велат, мажот ги отплаќа своите „гревој“ преку ќерките. Гледам тие два света да не ги мешам. Навечер, кога правам пауза од таа работа, ќе легнам на под и тие четири жени ме гушкаат од сите страни. Тоа се четири различни планети кои постојано ме освојуваат, ме шармираат. Некогаш ме тераат да им правам пуканки или да им правам вечера во три изутрина. Живо и весело е кај мене 24 часа. Не зборувам по дома за таа моја работа.

ФОКУС Кои беа вашите соништа како дете? Како се замислувавте?

ЗЛАТКО Сѐ што како дете сум замислувал, сум го гледал како визии, како слики. Сѐ ми се случило. Денес правам песни, ко да правам накит во чаршија. Од ќеф,со мерак,без грам напор.

ФОКУС Што ве научија родителите?

ЗЛАТКО Да сакам правда, да не посакувам ништо туѓо, сѐ што правам да не е по штета на никого, да нема во мене љубомора, да се потпирам само и само на себеси, да сум весел и да не се дружам со меланхолија, да ги почитувам луѓето што ’рмбаат трета смени, оние кои се враќаат дома убиени од работа за малку пари, секогаш да сум на страната на тие што ги гонат, никогаш да не брзам и никого да не гонам.

ФОКУС Кој е најголемиот предизвик кој сѐ уште стои како цел во вашата кариера?

Пред некој ден излезе реклама во Данска со моја музика за светски познатите „орео“ колачиња. Таквите нешта ме веселат.

Поврзани новости