Ѕинго ќе кроел „македонска платформа”

by fokus

Социјалистичката партија на Љубиша Ивановски – Ѕинго, покрена иницијатива за формирање на заедничка македонска платформа и ги повика македонските партии да се приклучат. Платформата, според нив ќе има за цел “да се зачуваат македонските национални интереси.”

Од таму не наведуваат што точно би содржел документот, единствено велат дека мора да бидат опфатени сите прашања кои се однесуваат на внатрешното уредување и безбедносниот карактер.

Први поддршка дадоа од ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Никола Греувски, претходно на средбата со францускиот амбасадор Кристијан Тимоне, порача дека македонската заедница може да направи своја платформа и да ја постави како услов за преговарање како што тоа сега го правела ДУИ.

Поврзани новости