Зиков ветува 100.000 вработувања, а Груевски 64.000

by Фокус 11:06
11:06

Па така, Љупчо Зиков, лидерот на Коалиција за позитивна Македонија, вети дека листата на невработени ќе се намали за дури 100.000.

-Објавуваме дека нудиме проект за 100.000 работни места во нови фирми во идните 2 до 4 години. Алијансата за позитивна Македонија ќе им го понуди овој договор на граѓаните и се обврзува дека како дел од идната власт, во наредните 365 дена ќе овозможи 30.000 нови работни места, рече Зиков.

- Advertisements -

На синоќешниот митинг од Велес, Зиков констатираше дека државата постојано се врти во круг, дека народот живеел поделен во два блока, а во моментот ни се случува, како што рече, егзодус поради заминувањето на младите во странство.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, пак, се наведува дека се предвидуваат 64.000 нови работни места, за четири години.

-Тоа значи намалување на невработеноста на околу 22 %, за 6 проценти поени до 2018 година, истакна премиерот Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ, синоќа одржа митинг во Дебар, од каде што Груевски го повика лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, да се поднесе оставка од градоначалничкото место, доколку бил толку сигурен дека ќе победи на следните парламентарни избори.

Поврзани новости