Зиков: Македонија е единствена земја каде нема дуели и дебати меѓу политичките партии

by Фокус 12:41
12:41

Македонија е веројатно  единствената земја во демократскиот свет, ако можеме воопшто да зборуваме за демократија, каде полититичките партии кои извадија листи  на овие избори не сакаат дуели, дебати и не сакаат да комуницираат на темата предизборни програми  и што им  ветуваат на граѓаните. Ова денеска на прес – конференција го истакна претседателот на Алијансата за Позитивна Македонија, Љупчо Зиков.

Тој апелира на фер третман во текот на изборниот процес, што би значело организираната дебата од страна на националниот демократски  институт  да биде помеѓу сите 14  политички партии  кои ќе учествуваат на изборите, а не само помеѓу четирите моментално владејачки партии: ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ И ДПА.

– Коалицијата за Позитивна Македонија е единствената партија која овие денови  зборува за конкретни проекти кои им ги ветува на граѓаните и тоа во услови  кога другите политички партии шират говор на омраза  и прават деструкција на политичкиот простор и на политичкиот пазар  во Македонија. Македонските граѓани  остануваат во заложништво на овие  партии.  Ние користиме прилика денеска уште еднаш, на три дена пред молкот на повикаме  на дебата за програмите и на отчет за тоа како ќе ги реализираме дадените ветувања – тврди Зиков.

- Advertising -

 

Поврзани новости