Зијадин Села има згмечување на мозок и скршеници

by Fokus 10:46
10:46

Пратеникот Зијадин Села од партијата Алијанса за Албанците има тешки повреди и како што веќе напишавме, хоспитализиран е на интензивна нега на скопската Клиника за неврохирургија.

Според нашите извори, Села има контузија на мозок (згмечување на мозок), скршеници, но е надвор од животна опасност.

- Advertisements -

Пратеникот синоќа беше еден од најповредените, откако демонстрантите од Иницијативата за Заедничка Македонија влегоа во Законодавниот дом и почнаа да тепаат по дел од пратениците, на што му претходеше изборот на Талат Џафери од ДУИ за претседател на Собранието.

И.М.

Поврзани новости