Зијадин Села е со стабилна здравствена состојба, но ќе остане во болница

by fokus

Здравствената состојба на лидерот на ДР ДПА, Зијадин Села е стабилна. Тој и понатаму се лекува во одделот за неврохирургија на клиниката во Тетово.

Раководителот на одделот Дестан Халити за Алсат М појасни дека здравствената состојба на Села се подобрува, но мора да остане под лекарски надзор.

„Здравствената состојба е стабилна и понатаму се подобрува секој ден од добро кон подобро. Ние како медицински конзилиум донесовме одлука Зијад Села да остане уште неколку дена во болницата бидејќи тука го прегледуваме секој ден, заради анализите што треба да ги направиме. Но, врз основа на повредите, понекогаш овие повреди знаат да се комплицираат, така што уште неколку дена ќе остане во клиничкиот центар во Тетово“, изјави Халити.

Пратеникот Села помина најлошо во крвавите настани од 27-ми април, кога беше извлечен од законодавниот дом во бессознание.

Поврзани новости