429
Сојузниот министер за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел ги осуди вчерашните случувања во македонското Собрание, за што ја посочи одговорноста кај владеачката ВМРО-ДПМНЕ.
Еве што се вели во соопштението од германската амбасада:
„Доживеавме сега, во (ПЈР) Македонија, кандидат за прием во ЕУ, да се упадне во Собранието, да бидат удирани пратеници и таму да владее атмосфера, која воопшто не е споива со она што ние го очекуваме во Европа.
Таму треба сега конечно да се формира Влада, бидејќи имаше демократски избори. Тоа што досегашната владеачка партија го одбива тоа, што нејзини приврзаници упаѓаат во Собранието, удираат пратеници воопшто не прифатливо. Ова мора веднаш да се смени и мора да биде јасен сигнал од овде, од Малта.“