Зибери: Направивме 10.000 тестови на Ковид 19, пред нас на Балканот е само Словенија

by Фокус

Земјава е лидер на Балканот со досега направените 10.000 тестирања на Ковид-19, пред нас е само Словенија, вели директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери на Топ Тема на Телма.

-Околу 3.000 тестови имаме направено само во Скопје, а 10.000 вкупно во државата, што не е малку на милион жители. Не сум убеден дека бројките од Бугарија се релевантни. Со Албанија сме тука со бројот на жители, но тие имаат 4.000 тестови- истакна Зибери.

Во однос на прашањето кој е принципот на правањето тестови, тој истакна дека се оди по протокол што важи за сите пациенти.

– Секој се тестира вторпат откако ќе поминат 14 дена од првото тестирање. За излечен, пак, се смета оној што ќе даде негативен резултат на двата теста кои се прават последоватлено во рок од 48 часа. Ова е протокол кој се однесува на сите –  рече Зибери.

Тој посочи дека ќе дојде време кога ќе се направат анализи дали коронавирусот бил присутен кај нас уште во јануари, односно пред пандемијата.

Поврзани новости