Зибери ги повика Заев и Мицкоски на телевизиска дебата

by Frosina Fakova

Првиот кандидат за премиер Албанец, Насер Зибери денеска ги повика лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на телевизиска дебата.

– Сега е време да ги презентираме нашите програми, нашите идеи, нашите визии, нашите концепти пред граѓаните на Северна Македонија. ТВ дуелите меѓу кандидатите за премиер се важен сегмент во демократските држави насекаде низ светот. Уште еднаш им се обраќам и на господинот Заев и на господинот Мицкоски, да ја прифатат оваа испружена рака да организираме дебата на независните и неутрални медиуми, да имаме телевизиска дебата и да ги информирате нашите граѓани за нашите погледи, визии и идеи, а со цел да им биде полесно на граѓаните да донесат одлука на денот на изборите, рече Зибери.

Поврзани новости