Театарот во Македонија утрово претрпе уште една загуба, откако беше обелоденето дека почина режисерот Љубиша Георгиевски.
Многу уметници на социјалните мрежи се простуваат од Георгиевски.
„Драг мој професоре,
нека ви е лесна земјата, а името и славата вечни!!!
Се гордеам што бев ваш студент, се гордеам на секоја наша професионална соработка, на секој миг и разговор поминат со вас. Вие бевте примерот по кој се градев и како уметник и како општествено освестен граѓанин.
Почивај со ангелите драг професоре“, напиша актерката Јелена Жугиќ.