Животните од скопската Зоолошка и фотографот Горан Анастасовски објавени во британски Daily Mail

by Fokus 16:36
16:36

Онлајн изданието на британски Daily Mail објави прилог во кој ги пофали квалитетите на македонскиот фотограф Горан Атанасовски, опишувајќи го како многу умешен во доловувањето на нежноста меѓу животните во скопската Зоолошка градина.

„Симпатичните фотографии ги прикажуваат животните во нивните нежни моменти, уловени од македонскиот фотограф Горан Анастасовски“, почнува текстот на Daily Mail.

- Advertisements -

Анастасовски е чест посетител на Зоолошката градина во Скопје каде ги „лови“ овие пози од кои ќе ви се стопи срцето.„Фотографирањето животни е мојата најголема страст и ако успеам да направам барем еден човек повеќе да се грижи за животните, сум ја постигнал целта.Со секоја фотографија што ја снимам целта ми е да ја доловам не само убавината на животното, тку и хуманоста на животните и нивната способност да бидат грижливи и да искажуваат љубов“, изјави Анастасовски за изданието.

 

 

Поврзани новости