Животните лекции од „Медена земја“ на Би-Би-Си

by Fokus 16:01
16:01

Вечерва во 2 часот по полноќ, ќе се доделуваат Оскарите, а на нив за прв пат еден македонски филм е номиниран во две категории. „Медена земја“ може да добие Оскар за најдобар документарен филм, и за најдобар филм кој е од меѓународното (неанглиско) гласново подрачје.

Под насловот „Оскари 2020: Животни приказни од последната одгледувачка на диви пчели во Европа“, угледниот британски медиум „Би-Би-Си“ ја раскажува приказната за „Медена земја“.

Авторката раскажува за почетокот на филмот, потоа за кои животни лекции може да ги научите.

- Advertising -

Лекциите се во меѓунаслови, а првата е „Делење за преживување“ каде е наведена изјавата на Атиџе: „Пола за мене, пола за тебе“.

Вториот наслов „Мудроста може да биде посилна од силата“ алудирајќи на способноста да се комуницира со животните како што се пчелите.

Третата приказна „Може да бидете сам, но не и осамен“, со тоа што Атиџе е сама со пчелите, но се грижи со нив како да се сопствени деца. Таа не е осамена.

Следната лекција е „Сликите зборуваат повеќе од зборовите“, и на крајот „Неонската светлина не може да се израмни со ѕвездите во Македонија“.

Целиот текст на Би-Би-Си на следниот ЛИНК.

Поврзани новости