Жителите на Пустец нема да можат да гласаат на утрешните избори

by fokus

Жителите на општина Пустец, Албанија, нема да можат да гласаат на утрешните локални избори, бидејќи голем дел од нив останале без живеалиште на македонска територија.

Македонците од Мала Преспа во 2013 година масовно гласа на изборите, по што беше откриено дека на една адреса се заведени по педесетина жители.

-Сите сомнителни случаи што беа проследени до МВР во соодветна постапка беа процесуирани и за таквата категорија на лица се превземени соодветни управни постапки и донесени соодветни решенија. во текот на 2016 и 2017 година донесени се 846 решенија за поништување на живеалиште, велат од МВР.

Поради изборни нерегуларност СЈО отвори истрага, а потоа покрена и обвинение за случајот „Титаник“. Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, од неодамна е во притвор во истражниот затвор Скопје, како обвинет во „Титаник“.

Поврзани новости