Жителите на Грчец протестираат за струја, а не дозволуваат да им се реши проблемот

by Fokus

Во знак на револт дека често имаат прекини на струја, жителите на Грчец денеска го блокираа автопатот Скопје-Тетово. Од Електродистрибуција пак велат дека честите прекини се поради кражби на електрична енергија и неможноста вработените да си ја вршат работата на терен поради насилство и закани од мештаните.

-Електродистрибуција постојано во текот на многу години значително инвестираше и се обидува да направи реконструкција на мрежата во Грчец, но екипите секогаш наидуваат на навреди и закани по живот, како и закани за предизвикување на материјална штета од страна на жителите.

Дефектите во селото се резултат на преоптоварување на мрежата од самите жители кои нелегално користат електрична енергија за сопствени потреби како и за копање биткоини. По настанување на дефектите, жителите иако пријавуваат дека немаат електрична енергија, сепак не им дозволуваат на екипите на Електродистрибуција да го санираат дефектот.

Електродистрибуција иако постојано инвестира материјални и човечки ресурси за решавање на проблемот во Грчец, сепак обидите секогаш неуспешно завршуваат бидејќи жителите не дозволуваат да се работи на ниту еден начин” се вели во официјалната информација од компанијата.

Поврзани новости