Жителите кај „Авто Македонија“ на протест: Не сакаме барокна гаража кај досегашниот паркинг!

by fokus 11:27
11:27

Жителите на општина Центар кај „Авто Македонија“ денеска излегоа на мирен протест поради проблемите со паркинг просторот во изминатиот период.

Паркинг просторот е наменет за граѓаните кои над 40 години живеат во овие станови и со тогашното купување на становите, државата им гарантирала дека со секој стан ќе добијат паркинг простор.

Паркинг просторот пред неколку години бил продаден на лицитација, а се пријавил само „Никофон“ како инвеститор и го има купено за 30 евра за метар квадратен.

- Advertising -

Овој простор е единствената слободна површина која беше спасена од проектот „Скопје 2014“ на претходната влада.

Парцелата беше продадена од Министерството за транспорт и врски кога министер беше Миле Јанакиески во 2013година.

„Никофон“ веќе може да почне да ја гради катната гаража, а со извршното решение, утре ќе зема просторот под „своја капа“ и може да почне со постапка за градење, затоа што дозволата му е издадена пред пет години.

Ј.Ц.

Поврзани новости