Жители на Карпош не го даваат паркот: И врз твоите спомени фрлаат бетон!

by Фокус

Жителите во зградата на улица Букурешка во Карпош денеска во 17:30 часот  ќе одржат маалска дружба со цел зачувување на паркчето на улица Букурешка од урбаниот хорор кој и се случува на населбата. Тие се противат на изградбата на новата зграда на местото каде што сега се наоѓа паркче во кое си играат децата.

-Да не дозволиме да продолжат да ни ги рушат спомените како што тоа го сторија со: зградата на Мексичка (ДРВЕНИ), дворот и игралиштата на Коменски и многу други места низ населбава и општината! Затоа Ве повикуваме сите кои што ве засега иднината на ова и сите други слични места кои ве асоцираат на младост, дружба, смеа итн. да се приклучите на оваа иницијатива/дружба! И врз твоите спомени фрлаат бетон!, се вели во повикот за маалската дружба.

Жителите вчера ги турнаа тарабите со кои беше оградено местото на градење, а на околните дрвја оставија пораки со кои порачуваат надлежните да не градат згради, бидејќи сакаат зеленило.

Поврзани новости