Жители на Илинден со автомобили ќе го „будат“ градоначалникот

by Fokus

Денеска од 11 до 13 часот жители на населбата „Јака“ ќе одржат протест со возила во движење низ општина Илинден во знак на револт поради, како што велат, игнорантскиот однос на општинските власти за нивните проблеми – немање канализација, непробиени и неасфалтирани улици, немање јавен превоз, немање улично осветлување.

Протестот трае веќе цел месец, а градоначалникот Стојановски ниту еднаш не излезе да им се обрати на жителите на „Јака“. Таа е нова населба во Општина Илинден, за која беше најавено дека ќе биде елитна, но таквите најави не се остварија.

Поврзани новости