Жители на Диво Насеље лути: Ги нема на списоците за обесштетување за настаните од 2015-та година

by Fokus

Дел од жителите на Дива Населба велат дека неправедно се оставени надвор од списоците за обесштетување од 100 илјада денари кои ги вети Владата, за настаните од 9 и 10 мај 2015 година, објави „Алсат-М“.

Како што велат тие, се сомневаат во начинот на тоа како средствата биле распределени на оштетените.

„Сопругата и ден денеска има стрес, од тој ден доби болест. Сега, некој да земе средства, а воопшто не бил во населба и е далеку од тука, да земе што не му следува, а ние што сме тука не сме добиле, не знам. Ние го бараме тоа што ни следува, а не повеќе. Треба да се знае каде завршиле тие пари, кој ги злоупотребил, кој ги земал, зошто да не ги дадат на нас“- изјави еден од жителите.

Фото – Алсат-М

Поврзани новости