Жител на Неготино хоспитализиран откако излетал со трактор од пат

by fokus

Во вторникот утрото, жител на Неготино се здобил со тешки повреди откако тракторот во кој се возел излетал од патот.

„На 05.11.2019 околу 09:00 часот на некатегоризиран пат Демир Капија – Петрово село, кај место викано „Светилник“, трактор „торпедо“, без регистарски ознаки, со приколка, управуван од Б.Л.(56) од Неготино, излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.В.(63) од Неготино и бил пренесен во неготинската болница. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино“, велат од МВР.

Поврзани новости