Жител на беровско Будинарци фингирал сопствено грабнување, барал 10.000 евра од својот татко

by fokus

Жител на беровското село Будинарци измислил и фингирал сопствено грабнување за да земе 10.000 евра од својот татко.

Вчера околу 18 часот педесет и седумгодишниот татко во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово пријавил дека добил смс-порака од телефонот на неговиот син, со која се барало изнуда од 10.000 евра за да биде пуштен дваесет и деветгодишниот син.

Според пријавеното, порака со слична содржина на апликацијата „месинџер“ добила и неговата снаа. Во координација со Јавен обвинител и во соработка со полициски службеници од СВР Штип биле преземени мерки и активности, а на разговор биле повикани братот и снаата на наводно грабнатиот.

Малку подоцна таткото пријавил дека откако ги оставил парите на наведената локација, син му се вратил дома. Измамникот бил повикан на разговор во просториите на ОВР Берово, каде го признал делото, а парите му биле вратени на таткото. Во полиција кажал дека лажел за да ги добие парите.

Синот е приведен и против него е поднесена кривична пријава.

Поврзани новости