Жестоки реакции за новиот Закон за легализација на дивоградби

by fokus

Невладините организации од Охрид и локалната власт реагираат во пресрет на утрешното разледување на предлог законот за легализација на дивоградбите, во Собранието и бараат одговори врз основa на кој закон ќе се решаваат веќе поднесените барања за легализација на бесправно изградените објекти во охридскиот регион, со оглед на тоа што, според нив, охридскиот регион е изземен од новиот Закон.

-Ако овој закон нема да важи за охридскиот регион, тогаш кој закон ќе важи? Како ќе се третираат новоподнесените барања за легализација во охридскиот регион од 1 јануари 2019 имајќи предвид дека со актуелниот закон се опфатени само барањата до 31 декември 2018? Охридскиот УНЕСКО регион се протега на територија на три општини, но не ги зафаќа во целост. Како ќе се регулира легализацијата во овие општини во деловите надвор од УНЕСКО регионот без да настане хаос поради грешки и/или манипулации?, прашуваат од „Охрид СОС“.

На иста линија е и охридскиот градоначалник, но ставот кој досега го има кажано министереот за транспорт и врски, Горан Сугарески, е дека го поддржува предлог-законот за изземање на регионот оти по сите критики на УНЕСКО вели не смее да се дозволи во понатамошниот период да се случуваат такви работи ставајќи акцент дека во Охрид и Струга ќе се работи според препораките на УНЕСКО и Законот за управување со светското културно наследство.

Поврзани новости