Жерновски: Сечата на дрвата на УКИМ е врвот на едно самоволие

by Фокус 19:28
19:28

Сечата на 47 дрвја во автономниот кампус на УКИМ, во 2 часот по полноќ, без одлука на Сенатот на универзитетот и против јасната волја на студентите, е врвот на едно самоволие. Ме интересира, со кој боксерски удар паѓаат речиси 50 дрва за една ноќ? Може ли тој, со својот уличен речник, да објасни како е ова оправдано?, реагира градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски откако ноќеска беа исечени 47 дрва во дворот на Универзитетот Св.Кирил и Методиј.

-Додека „неговиот народ“ е длабоко загрижен за сосотојбата со загадувањето, додека во Македонија умираат по 1000 луѓе годишно заради лошиот квалитет на воздухот, тој реши да исече 47 дрва за да направи барокен факултет за иноформатички науки! Во сабота, додека сите граѓани мора да се на работа за да го одработат, каква ли иронија, „Денот на дрвото“, пишува Жерновски.

- Advertising -

Тој најави дека денес и утре во Центар ќе бидат засадени 90 нови дрвја и 2800 грмушки на новото плоштатче на  улица „Партизанска”, како и во паркот кај Градскиот Sид, позади „Домот на градежниците”.

Поврзани новости