Жерновски: Противник ни е ВМРО-ДПМНЕ и само со заеднички сили можеме да го поразиме

by fokus

„Имаме заеднички политички противник, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Верувам дека само со заеднички сили можеме силно да го поразиме. Тоа е поважно од сѐ останато“, напиша градоначалникот на Центар Андреј Жерновски синоќа на неговиот профил на Фејсбук.

Жерновски ги собра потребните потписи за како независен кандидат да проба да ја задржи градоначалничката фотелја во Центар. На претходните избори тој ја доби поддршката на центарци како кандидат на коалцијата предводена од СДСМ. Се уште има шанса владејачката партија да му ја даде својата поддршка. Негов против кандидат од редовите на СДСМ е директорот на јавното претпријатие ПОЦ, Саша Богдановиќ. Но според неофицијални информации партиските анкети покажувале дека Жерновски има повисок рејтинг.

Поврзани новости