Жерновски: Нарачателите на насилството пред општината, го нарачаа и тепањето на новинарите

by fokus

Андреј Жерновски, градаоначалникот на општина Центар, денеска посочи дека нарачателите на вандализмот во општина Центар се истите оние кои синоќа испровоцираа група граѓани на протестот брутално да нападнат снимател и новинар.

-Најостро го осудувам вчерашниот напад врз новинарите. Не може никој да ја загрозува слободатана медиумите. Влезени сме во партиска кампања и очигледно, ова ќе биде стилот на водење кампања на партијата на власт. Ова се јасни знаци дека ќе се обидат да ги загрозат и спречат демократските процеси. Волјата на народот треба да се почитува и оној кој има обезбедено мнозинство во парламентот, треба да го добие мандатот, рече Жерновски.

Поврзани новости