Жерновски: Криминалците ќе одговараат кога ќе имаме ново судство

by fokus

Кога ќе имаме ново судство во државата тогаш ќе одговараат криминалците, рече денека Андреј Жерновски коментирајќи го денешното рочиште за случајот за насилствата пред општина Центар во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски.

-Правдата доаѓа полека, но сигурно. Добри моменти доаѓаат за Република Македонија, работите ќе се решат, судството мора да почне да функционира, за мене тоа е последниот бастион кој што се уште е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, но и на таквото судство ќе му дојде крај. Кога ќе имаме ново судство во државата тогаш ќе одговараат криминалците, изјави Жерновски.

За кандидатурата во општина Центар за локалните избори, Жерновски изјави дека процедурата во СДСМ е завршена и дека тој е еден од четирите предложени кандидати, останува само да се донесе заедничка одлука во партијата кој ќе биде кандидат за градоначалник во Центар.

Поврзани новости