Жерновски ќе бара нов мандат за Центар, ама не ја исклучува и можноста да се кандидира за Скопје

by fokus 19:20
19:20

Андреј Жерновски, актуелен градоначалник на Општина Центар од граѓаните ќе бара нов мандат за оваа позиција. Сепак, како што вели тој, не ја исклучува можноста да се кандидира за градоначалник на Град Скопје. Одговарајќи на новинарски прашања, Жерновски изјави дека кандидатурата ќе ја поднесе преку партијата СДСМ и дека ја очекува нивната поддршка.

„Кандидатурата ја предадов преку партијата и ја очекувам нивната поддршка. Резултатите се тука, анкетите исто говорат за мојата поддршка. Слушам за идеите за кандидат за градоначалник на Град Скопје, но за ова уште не е разговарано“, вели Жерновски.

- Advertisements -

Поврзани новости