Жерновски и покажа прст низ врата на директорката од ОУ „11 Октомври“

by Фокус

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, донесе решение со кое ја разрешува Даниела Костадинова од должноста директор на општинското основно училиште „11 Октомври“. Тој се одлучи на ова откако Советот на општина расправаше за состојбата во училиштето и констатираше сериозни нарушување на санитарно – хигиенската состојба, со што било загрозено здравјето на учениците и одговорноста му ја пренесе нему, односно тој да пресече што да се преземе како мерка.

Градоначалникот ја утврди личната одговорност на директорката Даниела Костадинова за нанесената штета по здравјето на учениците и го донел решението за нејзино разрешување, согласно член 133, став 2, алинеја 3 од Законот за основно образование. Директорката Костадинова, како одговорно лице за правилно и законито раководење на училиштето, ги занемарила своите законски обврски и должности и придонела за нарушување на санитарно хигиенската состојба и загрозување на здравјето на учениците.

Инаку советниците на ВМРО ДПМНЕ ја штитеа директорката и обвинувањата за состојбата ги упатија кон градоначалникот. Училишниот одбор пак, по неколку часа расправа го прекина состанокот без да предложи конкретни мерки.

Поврзани новости