Жерновски: Бидејќи Груевски се поигра со вистинските верници, дочека на Св. Никола да му се суди двапати

by Fokus

По одложувањето на денешното рочиште за „Насилството во општина Центар“, екс градоначалникот Андреј Жерновски, кој се јавува како оштетен истакна дека адвокатите на Груевски  ги користат сите можни средства да се одложат судењата, а со тоа да се одложи и донесувањето на правична пресуда.

„Бидејќи за овој случај Груевски ги злоупотреби верниците, но оние вистинските, не оние што кршеа пред општина Центар му се случи на Св. Никола да има две судења. Колку и да се обидуваат да ги пролонгираат рочиштата, правдата иако е спора, сепак е достижна“ – рече Жерновски пред Кривичниот суд.

Судењето за овој случај денеска се одложи бидејќи во судница немаше камери, кои требаше аудио и визуелно да го снимаат рочиштето.

В.В.

Поврзани новости