Женска медиумска мрежа: Најостра осуда за неоснованите оцрнувања на новинарки од Драган Павловиќ-Латас и Ивона Талевска

by Fokus

Женската медиумска мрежа „Еднаква“ најостро ги осудува неоснованите обвинувања на Драган Павловиќ Латас изложени на социјалните мрежи против колешките Сашка Цветковска и Деница Чадиковска со цел да го наруши нивниот интегритет и да ја дискредитира нивната работа. Нападите кои се непоткрепени со факти се на штета на целата новинарска фела и состојбата на медиумите во земјата. Со ваквото малициозно таргетирање за кое не се дадени никакви докази се врши притисок врз слободното и професионално новинарство во државата. Оцрнувањето на новинарките на социјалните мрежи дополнително поттикнува омраза и закани, како и мизогени напади, а може да ја загрози и нивната безбедност, за што сведочат и бројни коментари на статусите на Драган Павловиќ Латас.

Женската медиумска мрежа „Еднаква“ ја осудува и објавата на Ивона Талевска на социјалните мрежи со која ги таргетира Сашка Цветковска и Славица Арсова.

Женската медиумска мрежа „Еднаква“ ги повикува надлежните институции да обезбедат заштита на новинарките од вознемирување и закани, и ја повикува јавноста да ги отфрли дезинформациите. Нападите врз новинарките се сметаат за напад врз службено лице со последните измени на Кривичниот законик.

Поврзани новости