Жена упаднала со меч во канцеларијата на премиерката на Нов Зеланд

by fokus

Новозеландската полиција приведе жена во врска со вчерашниот напад со меч врз канцеларијата на премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во Окланд, јави ДПА.

Полицијата соопшти дека е уапсена 57-годишна жена.

„Уапсената соработува во истрагата, во овој момент не бараме друго лице“, изјави полицискиот портпарол.

При нападот бил скршен прозорец од канцеларијата на Ардерн, а во зградата бил издуван чад, јавуваат локалните медиуми.

Нема информации за повредени, бидејќи во моментот на инцидентот во канцеларијата немало луѓе.

Ардерн моментално е на Антарктикот на одбележување на 65-годишнината од создавањето на научната станица База Скот во Нов Зеланд (именувана по британскиот поларен истражувач Роберт Скот), како и за првата целосна сезона на антарктичко истражување и акција за зачувување на животната средина по двегодишен прекин поради Ковид.

Поврзани новости