Жена со стил во Скопје Сити Мол

by Фокус 12:13
12:13

Стручното жири за победничка на изборот ја избра Инес Шабан, второпласирана беше Антица Сашек, додека третата позиција ѝ припадна на Теодора Крстевска. Инес Шабан, победничката на првиот стилски натпревар во Република Македонија, ја доби својата награда од организаторот, која беше во форма на вредносен ваучер, како и пофалница за нејзината храброст, учество и конечна победа на изборот.

- Advertising -

„Навистина сум пресреќна. Иако воопшто не очекував и бев свесна за силната конкуренција што ја имав во другите финалистки, сепак жирито одлучи токму јас да бидам жената со стил за 2014. Им благодарам на Скопје Сити Мол за одличната организација, како и за наградата, која е само дополнителен мотив да продолжам да експериментирам со модни парчиња, кои, сепак, ќе го следат мојот стил и вкус на облекување“, ни изјави Инес Шабан по доделувањето на наградата.

Победничката на овој натпревар, како награда, доби вредносни ваучери од Скопје Сити Мол, во износ доволен за да креира 8 различни комбинации, т.е. толку колку што беше потребно за да се облечат сите 8 кандидатки. Антица Сашек и Теодора Крстевска се добитнички на пакет услуги од Мое студио – Дадар, Студио Сергеј како и од Студио арт – Сретен Костиќ.

Целта на проектот беше да ги предизвика жените, со своето учество на овој натпревар, да покажат што е она што е различно на нив од она што го носат другите.

Кога велиме стил, покрај начинот на облекување, тука спаѓа и начинот на однесување и бранење на својот стил и стилски карактеристики. Токму затоа, стручното жири во Скопје Сити Мол, составено од Дадар, Сретен Костиќ и од Сергеј Варошлија, им поставуваше прашања на кандидатките преку кои ги извлече дополнителните суштински карактеристи потребни за да донесат одлука во интерес на сите пријавени.

Беа поставени голем број прашања, кандидатките ги одговараа во согласност со нивниот начин на живот и размислувања, но, сепак, само една можеше да го понесе приматот „Жена со стил“ на Скопје Сити мол.

Овој натпревар, на предлог на сите учесници и посетители на молот, добива тенденција да постане традиционален хепенинг на Скопје Сити мол. Инаку ова не е прв настан со кој  тимот на Скопје Сити мол се насочува кон дамите. Минатата година беше одржана и првата трка на високи потпетици во Скопје, токму во Скопје Сити Мол.

Поврзани новости