Жена се дерела пред затворот во Шутка и му се заканувала на директорот

by fokus

Полициски службеници привеле жена кој денеска го нарушила јавниот ред и мир пред затворот во Шуто Оризари. Според информации од полицијата жената се дерела пред портите на затворот и упатувала закани кон директорот Есад Рахиќ.

Од МВР велат дека жената си заминала, по што биле преземени мерки за да биде приведена во станица за натамошна постапка.

Приведената е во полициска станица на распит, а од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости