Жена почина откако во неа удрило возило на патот Куманово-Крива Паланка

by fokus 13:51
13:51

Седумдесет и деветгодишна кумановка почина откако била удрена од автомобил на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка.

– По незгодата Б.М. била пренесена во Ургентен центар Куманово каде и била констатирана тешка телесна повреда по што во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ во 23:30 часот починала, информира денеска МВР.

- Advertisements -

Собраќајната несреќа се случила вчера во 17:20 часот на местото викано „Ливади“. Во жената удрило возило „цитроен берлинго“ со кумановски таблички управувано од Љ.М. (66).

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Поврзани новости