Жена од Неготино отишла на Хематологија за друга дијагноза, дознала дека е позитивна на Ковид 19

by Fokus

Во тек на денешниот ден е регистриран нов случај на корона вирус во Неготино, потврди Министерството за здравство.

Станува збор за жена на возраст од 71 година, а случајот не е поврзан со ниту еден од претходните инфицирани во градот.

-Жената заминала во Скопје на клиниката за хематологија поради друга дијагноза, не знаела дека е позитивна на Ковид-19. Таму и бил земен брис, а резултатот е позитивен, по што е препратена на инфективната клиника.

Според информациите со кои располагаме, таа не била во контакт со ниту еден од веќе регистрираните позитивни случаи во Неготино, и не можеме да кажеме од каде се заразила – велат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Додаваат дека се прават анкети со контактите. Со денешниот случај, во Неготино моментално има шест активни случаи на корона вирус.

Вики Клинчарова

Поврзани новости