Жена од Хрватска по втор пат се заразила со корона вирусот, откако еднаш веќе оздравела

by fokus

Хрватските здравствени власти забележле т.н. „корона повратник“ во Задар. Имено, една жена која веќе го прележала вирусот, повторно е позитивна на Ковид-19, пренесоа тамошните медиуми.

Според информациите од Штабот за цивилна заштита во Задарската жупанија, едно лице е повторно позитивно на коронавирусот, по првичното опоравување.

Станува збор за постара жена која го прележала вирусот, а откако повторно ги добила симптомите, била одново тестирана и резултатот бил позитивен.

Бидејќи станува збор за специфичен случај, испратено е барање за мислење од Хрватскиот институт за јавно здравје и се очекува одговор, пренесуваат медиумите.

Поврзани новости