Жена од Демир Капија позитивна на Ковид 19

by Fokus

Жена од Демир Капија, која веќе извесен период живее и работи во Скопје е помеѓу денешните регистрирани Ковид-19 позитивни пациенти.

Денес од Центар за јавно здравје Кавадарци информираа за три нови случаи во градот, стоматолошка сестра, таксист и 63-годишен маж кој е хоспитализиран на клиника во Скопје.

Пред малку пак, од Министерство за здравство известија дека денес во Кавадарци се регистрирани четири нови случаи на корона вирус.

Од центарот појаснуваат дека жената, односно четвртиот случај, е од Демир Капија, но сега живее и работи во Скопје.

Немаат детали зошто се води под Општина Кавадарци, бидејќи инфицираните од Демир Капија барем досега, беа регистрирани под Општина Неготино.

Вики Клинчарова

Поврзани новости