Жена настрада во пожар во тетовско Жилче

by Fokus

Во тетовската полиција утрово е пријавено дека избил пожар во помошен објект до куќа во тетовското село Жилче.

Внатре е пронајдена 80-годишната Р.Ѓ. од ова село. Пожарот, кој го пријавил нејзиниот 44-годишен син, го изгаснале од тетовската Територијална противпожарна единица.

На местото на настанот е извршен увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Поврзани новости