Жена на возраст од 81 година паднала од балкон во Тетово и починала

by Frosina Fakova

Жена на 81 година го загубила животот по пад од балкон од зграда во Тетово, соопшти денес СВР Тетово. Немилиот настан се случил вчера околу 11 часот на улицата „Благоја Тоска“.

-Во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Благоја Тоска“, во стан сопственост на М.Г.(85) од Тетово, неговата сопруга М.Г.(81), која имала нарушено здравје, додека била сама во станот, излегла на балконот, што се наоѓа на првиот спрат од станбена зграда и паднала од балкон. М.Г. била префрлена во Клинички центар Тетово, каде од здобиените повреди починала, инфомираа од тетовската полиција.

Увид на лице место извршиле екипи од СВР Тетово и Министерството за внатрешни работи од Скопје.

Поврзани новости