Жељко Бебек со ексклузивен концерт во Скопје

by fokus

Популарниот музичар Жељко Бебек ќе одржи концерт во Македонска Филхармонија Скопје на 18-ти април.

Настанот го најави Авалон Продукција, опишувајќи го Бебек како музичка легенда.

-Квалитетен како порано, а актуелен и денес, можеме да кажеме дека во 6 студиски албуми, Бебек ги испеа најубавите и најголемите песни на Бијело Дугме.. а денес, како соло артист, полни арени низ регионот пеејќи ги тие песни, како и нови песни од својата соло кариера.
Задоволство ни е да ви го најавиме неговиот концерт на 18-ти април, веднаш по велигденските празници, кој за да ги опфати сите големи песни, ќе трае 2 ипол часа, информираат од Авалон.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба од утре по цена од 1.200 денари за партер и 1.500 денари за ВИП.

Вики Клинчарова

Поврзани новости