Жбогар: „Рекет“ покажува дека имате институции што функционираат

by fokus

Според евроамбасадорот Самуел Жбогар случајот „Рекет“ покажува дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата и не гледа причина за политичка криза.

-Имате институции што функционираат. Јавното обвинителство функционира и специјалното обвинителство функционира и ќе функционира до 15 септември. Специјалната јавна обвинителка Јанева си поднесе оставка и тоа го имаме предвид. Сега политичките лидери имаат одговорност да најдат решение за идното функционирање на СЈО, а една од можностите е да биде интегрирано во рамките на Јавното обвинителство. Има доволно време да се најде решение. Веруваме дека парламентот ќе го донесе законот со консензус“, рече Жбогар.

Поврзани новости