Жбогар оптимист за влада, Франгов скрши шампањско од багер

by fokus 16:27
16:27

На означувањето на почеткот на изградбата на новиот водовод во Гевгелија денеска присуствуваа евроамбасадорот Самуел Жбогар заедно со градоначалникот Иван Франгов и министерот за финансии Кирил Миновски.

Градоначалникот Франгов „свечено“ го означи стартот на изградбата со кршење на шише шампањ од багер.

- Advertisements -

Евроамбасадорот Жбогар изјави дека е оптимист дека политичките партии ќе најдат излез од политичката криза.

-Секогаш сум оптимист. Мислам дека и еврокомесарот Јоханес Хан беше оптимист кога заминуваше од земјава. Тој беше убеден дека политичките лидери во вашата земја ќе најдат начин како да се излезе од сегашната ситуација, односно се надеваме дека ќе најдат начин кој ќе биде најдобар за земјата, рече Жбогар.

Поврзани новости