Жбогар официјално амбасадор на ЕУ во Македонија

by fokus

Словенецот Самуел Жбогар официјално е новиот амбасадор на ЕУ што ќе го претставува Брисел во земјава.

Жбогар доаѓа на местото на Аиво Орав чиј мандат како шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија  истече летово .

Тој во својата 22-годишна кариера како дипломат, е вклучен во сите поголеми политички проекти на словенечката надворешна политика.

Жбогар веројатно нема да ја има двојната функција шеф на ЕУ-делегација и Специјален претставник на Унијата што досега ја имаше на Косово, туку само ќе биде амбасадор на Унијата во Македонија.

За да биде Специјален претставник треба да се избере и во Европскиот совет, за што нема волја кај дел од земјите-членки на Европската унија, па останува само да го наследи Естонецот Орав. Аиво Орав, пак заминува за амбасадор на ЕУ во Подгорица, Црна Гора.

Поврзани новости