Жбогар очекува ЕУ наредната недела да донесе позитивна одлука за почеток на преговорите

by fokus

Ја поздравувам ратификацијата на договорот што е прва фаза од неговото имплементирање, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Тој очекува дека земјите-членки на Унијата наредната седмица ќе донесат позитивна одлука за Македонија да добие датум за старт на преговори за членство.

-Верувам во договорот, гледам дека двете страни се посветени на негово имплементирање. Не се потпишува договор за да не го ратификувате. Договорот покажува лидерство, посветеност за решавање на прашањата меѓу земјите, покажува посветеност на европски вердности меѓу кои се и добрососедски односи, рече Жбогар.

Поврзани новости